Пред пандемијата со корона вирус и мерките на забрана за движење, на социјалните мрежи интерeсни објавите за “after work party“ во петок попладне. Тие беа „ин“ и начин на социјални дружења и комуникација помеѓу луѓето.
Сега социјалните дружења се на Шеталиштето и градскиот парк, каде е зборното место на сите битолчани, од сите маали и од сите населби во градот.
Ова петочно попладне голем број битолчани после завршувањето на работните и домашни обврски, го преполнија градскиот парк. Како секој да си создаде свое катче во паркот, за да се релаксира.
Родители со деца, друштва тинејџери, однсоно секој од различна возраст и на различен начин се рекреираше, одмараше или спортуваше низ паркот.
После неколкуте недели во карантин, сите го дочекаа убавото време за да поминуваат што повеќе надвор од своите домови. Но, сепак сите со слични мисли и грижи за тоа што следува понатаму со вонредната ситуација и мерките кои треба да се спроведуваат.
После поминатите 2 месеци во карантин заради вонредната ситуација секој на свој начин се рекреираше, одмараше и коментираше.
-Добро е вака сите сме на свеж воздух и во пријатна природна атмосфера, а тука се дружиме со луѓето со кои најповеќе се дружевме и пред мерките за забрана. По “зимската сезона“ во кафулина и тераси каде се “труевме“ во чад и гужви сега ова е добредојдено, дружење во природа, но имаше и други коментари:
-Вака се дружеа и живееја моите родители пред 20-30 години, а тоа и ни кажуваа. Наместо сега да шетаме по светот Дубаи, Австралија… ние сме тука собрани сите на едно место, а по се изгледа тука ќе го поминиме и летото, евентуално во Преспа и Охрид. Убаво време, чист воздух, зеленилото во градскиот парк, слободно опуштено дружење и разговор со споделување на загриженоста од целокупната ситуација, придонесуваат за позитивни мисли и расположение.
Ж.Ристевска






