Press "Enter" to skip to content

Утрово стотици битолчани на слава на манастирот “Св. Атанасиј“ кај месноста Смолево (фотогалерија)

За денешниот голем верски празник посветен на Св. Атанасиј, или летен Танасовден како во нарекува народот, стотици битолчани и верници го посетија истоимениот манастирот кој се наоѓа на неколку километри од Битола, над населбата Стрчин, кај раселеното село Смолево.По земјениот патот се движеа и автомобили и пешаци. Сите одеа кон  манастирот кој е сместен пред да се навлезе во шумата. Околу манастирот имаше многу луѓе кои го славеа празникот со јадења и мезе.Убавиот сончев ден како да беше создаден за пешачење до манастирот така да, најголемиот дел од денешните посетители се упатија таму по убавото време, кое за разлика од зимскиот Танасовден кога се најавува крајот на зимата, овој пат во јуни го навестува летото.Денес наутро и вчера попладне се одржаа две богослужби на кои присуствуваа доста верници, кои беа тука на службите, некои “кренаа лебче“ за здравје, некои само запалија свеќа и се помолија пред иконите на Светецот, Св. Атанасиј, кое е и има на манастирот, вели отец Никола.-Тука сум неколку пати во неделата, а не пропуштам да сум тука на празникот, славата на манастирот, Свети Атанасиј,без разлика дали е зима или лето. Денес е посебен ден, со убаво време а некои се тука од раните утрински часови, а ќе продолжат да доаѓаат во текот на целиот ден, ни рече Тале Аврамовски, кој во манастирот беше со својата сопруга.Една група верници, кои беа седнати на клупите во дворот на манастирот, беа расположени за разговор, а Љупчо Стојановски, ни кажа:-Да бидам искрен не доаѓам многу често тука, но еве сега со пријателите се одлушивме да додјеме на празникот. Денес денот е преубав и има многу луѓе, а се надевам дека ако не се “расипи“ времето, ќе има во текот на целиот ден. Нека е за многу години празникот и нека на сите кои сме тука и на битолчани Светецот, им донесе прво здравје кое сега го посакуваме сите, а потоа и се друго.Додека си прикажуваме со Љупата, како го препознаваат битолчани, доаѓаат уште луѓе, расположени, насмеани, се упатуваа во црквата каде запалуваа свеќа и се помолуваа на Светецот.Дел од посетителите го искористија убавото време да се искачат и нагоре кон Баба планина, и да прошетаат како ни рекоа “по каналот“, а голем број уживаа седнати во помали друштва и уживаа во убавиот ден, а некои продолжија кај пријателите во Стрчин, каде најголем дел, иако дојдени тука, го празнуваат денот.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »