-Голема јавна вежба која се случуваше на плоштадот “Гоце Делчев“ на противпожарната единица од Битола, која ја гледаа повеќе од илјада битолчани, стои во мојата хрононолошка белешка, за оваа вежба, се присетува Димче Миновски, доајен на битолското новинарство, за рубриката “Деновиве пред 10 години“.
-Вежбата започна со интервенција на битолските пожарникари за гаснење на запален автомобил, а по дојавата дека има пожар на возило на паркинг, екипите дојдоа за брзо време и започнаа со гасење на пожарот со пожарникарска пена, вели Миновски, кој се присетува и за заедничката вежба на пожарникарите и лекарите од Итната медицинска помош од Битола.
-Во симулацијата на возач кој е заробен во возило по сообраќајна несреќа, прво реагираа пожарникатите со специјален алат за сечење на метал, го отстранија покривот на возилото, а потоа интервенираа лекарите кои прво му дадоа прва помош на повредениот, а потоа и го транспортираа во болница.
Вежбата на плоштадот “Гоце Делчев“ во мај 2010 година имаше за цел граѓаните поблиску да се запознат со активностите на пожарникарите, како и со нивната заедничка работа со другите служби.

Деновиве пред 10 години: јавна вежба на пожарникарите со лекарите од итната помош
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





