Фото вест: “комуналците“ пред полноќ ги наводнуваа цветните аражмани на Широк Сокак
Засадените цветни аражмани во жардиниерите и саксиите поставени на канделабрите вработените во “Комуналец“ синоќа, сабота вечер, го заливаа со вода од цистерна.
Грижливото однесување на “комуналците“ за цвеќињата, синоќа околу 23 часот, не остана незабележано и не пофалено од битолчани, кои затврорањето на кафулината и кафаеаните во 22 часот полека се прибираа дома.
Но, некои оправдано се уште покажуваа загриженост дали ќе го издржат летото, по информациите на “Комуналец“ дека 700 цвеќиња од 20.000 посадени се откорнати и украдени.






