Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола, и официјално соопштија од битолскиот огранок на СДСМ.
Стојчевски е долгогодишен и истакнат член на СДСМ во Битола, со значајно политичко и институционално искуство. Во два мандати ја извршуваше функцијата советник во Советот на Општина Битола, каде активно учествуваше во носењето одлуки од интерес на граѓаните и развојот на општината.
Како член на Централниот одбор на СДСМ, тој се залагаше за демократски реформи и измени во статутот на партијата, со цел членовите на локално ниво директно да го избираат своето раководство.
Во својата работа како советник, Стојчевски беше препознатлив по активното учество во дебатите за општинскиот буџет и локалните проекти, застапувајќи ги принципите на домаќинско, транспарентно и одговорно работење.
Општинската организација на СДСМ Битола со ова назначување добива посветен, искусен и кредибилен претседател, кој ќе работи во интерес на членовите, симпатизерите и сите граѓани на Битола.






