Во деновите кои ни престојат, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денес, среда, 3 јуни, временската прогноза на метеорозите е дека ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб со до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола ќе достигне до 22 °С.
За утре, четврток, 4 јуни, временската прогниза гласи: сончево со мала додо умерена локална облачност и до слаб до умерен ветер од југозападен правец. УВ=8, а температурата во Битола исто така до 22 °С.
Од петок значително зголемување на темпрературите до 30 °С.






