Press "Enter" to skip to content

Повреден 77 годишен битолчанец со “томос“ во сообраќајка со камион “ивеко“ (фото)

На 17.06.2020 во 12,27 часот на крстосница од патот Битола-Прилеп и Битола-Демир Хисар, пред Кукуречани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило “ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од маж на возраст од 26 години од село Радишани-скопско, и мопед “томос“ со битолски регистарски ознаки управуван од 77 годишник од Битола.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. На самото место се најда волонтерите на Црвен крст од Битола кои му укажаа и прва помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР-Битола.

Фото: Црвен крст-Битола

More from ВестиMore posts in Вести »