Пелистер – Башкими 1:0
Денес во Битола ккипата на Пелистер со победа го затвори овогодинешниот регуларен дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига и со минимални 1:0 совлада екипата на Башкими. Со оваа победа и новите три бода Пелистер заврши на 8. мести, која што носи бараж за опстанок.
Динаќините офанзивно го отворија натпреварот, а првата шанса ја имаше капитенот Ивановски, кој шутираше над голот, а потоа и Булатовиќ упати удар. Потоа следуваше и гол на натпреварот, во 5. минута по центаршут на Булатовиќ, Ристовски го совлада Стојковски, а беше поништен по реакција од ВАР. Пелистер продолжи со добрата игра и офанзивата, а во 24. минута по акцијата на Швајц, Милан Србијанац погоди за водство од 1:0.
Потоа, Пелистер беше блиску и до втор гол, а не погоди Булатовиќ, а на одмор се отиде со минимална предост.
Во вториот Башкими се обиде за нешто повеќе од пораз, но не успеа, иа бодовите останаа во Битола.
Сега следуваат натпреварите од баражот за опстанок во Првата лига, а Пелистер ќе игра против екипата на второлигашот Шкендија Арачиново, а вториот бараж е натпреварот помеѓу Брера – Скопје.










