Press "Enter" to skip to content

Во Битола еден новозаболен од ковид-19, еден оздравен, за 24 часа од 1.227 тестови 156 позитивни

Според информациите на официјалната “феск бук“ страница на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на ковид-19. Во Битола е регистриран еден нов случај на заболен од коронавирус. 

По градови состојбата на новозаболени, во Скопје има најповеќе новозаболени вкупно 100, а следуваат Куманово 11, Дебар 1, Штип 6, Прилеп 1, Тетово 19, Струга 2, Велес 6, Битола 1, Охрид 1,  Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 1, Кочани 3, Кратово 1 и Свети Николе 1.

Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти, Скопје 10, Штип 3, Тетово 10, Велес 1, Битола 1 и Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735.

More from ВестиMore posts in Вести »