Управата за хидрометеоролошки работи утрово со предупредување дека до текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, можно и во Битола, ќе има пообилни врнежи (над 20л/м2), во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер
За денес, вторник, 23 јуни, за Битола прогнозата е дека претпладне ќе имаме променливо облачно време, а попладне нестабилно време. Во вечерните часови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер со променлив правец. Ќе дува умерен северозападен ветер. Во Битола, максималната температура ќе биде до 23°С.
А утре, среда, 24 јуни, за Битола прогнозата е дека ќе има сончево време со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. УВ=8. Максималната температура во Битола ќе биде до 23°С.






