Голем балон со хелиум со бројот 2, декорации, музика од ди-џеј, го означија вториот роденден на “Трицикло кафе“ кое битолчани го гледаат на Шеталитето и Градскиот парк во Битола.Пред две години, на 1 јули 2018, “Трицикло кафе“ започна со работа во Битола како нова младешка идеја. Уште од самиот почеток беше многу интересен за битолчани, а ретро-трицкл дизајниран и преправен во подвижен штанд, шанк со повеќе видови кафе и цедени сокови го доби симпатиите на битолчани.Оваа година се проширува со уште еден штанд каде се продаваат холандски палачинки со различни преливи и додатоци. Сега битолчани ги викаат “Трициклите“ каде често знаат да се закажат за состанок на шеталиште за полесно снаоѓање во гужвата. “Трицикло кафе“ и “Трицикло палачинки“ веќе станаа препознатливи и еден вид бренд од каде битолчани се освежуваат додека уживаат во прошетките низ градскиот парк.
Пред две години им посакавме повеќе трицикли. Денес, со роденденска честитка му посакуваме успех на “Трицикло кафе“ и Кристи Стојановски, чија младешка идеја стана реалност и солиден бизниз за млад човек, и е препознатлива во Битола.