Press "Enter" to skip to content

Американец во Битола, Џалил Абдул Басит на бековската позиција во КК Пелистер

Кошаркарските клуб Пелистер полека го заокружува новиот ростер за следната сезона, а деновиве се потврди и засилување, од редовите на странците, кои имаат право да играат во првата лига.

Станува за збор за американскиот бек Џалил Абдул Басит, кој ќе биде големо засилување за прволигашот од Битола на бековската позиција.

Џалил Абдул Басит има 28 години, а последен клуб му беше Тихуана од Мексико, висок 193 сантиметри, тежи 85 килограми.

КК Пелистер од Битола за новата сезона, во која влегува со големи амбиции, претходно ги “потпиша“  Игор Кесар, Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски.

More from СпортMore posts in Спорт »