Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две кривични за не седење во изолација, едниот не го нашле дома, вториот го пријавиле комшиите

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.С. (25) од битолско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. При вршење на контрола од полициски службеници, пријавениот не бил затекнат во својот дом, иако претходно имал решение за изолација. Со тоа Д.С. постапил спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.
 
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С. (61) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Била добиена телефонска дојава дека пријавениот излегува од својот дом, иако претходно имал решение за изолација, со што постапил спротивно на здравствените протоколи за спречување од ширење на заразна болест и заштита на населението.
More from ВестиMore posts in Вести »