“Здравјето на младите“ беше тема на трибина во Битола, во организација на УМС Битола и УМС, на која учествувава министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со пратеничката Олга Лозановска, директорката на клиничката болница Битола Ненси Лозанче и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
За тоа што ги мачи младите денес и што се презема во таа насока министерот Клековски рече:
-Менталното здравје — притисокот, анксиозноста и осаменоста се голем предизвик, а менталното здравје е еден од приоритетите на Стратегијата за здравство 2021–2030. За матичните лекари воведовме превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите, а работиме и на проект за центри за ментално здравје на младите.
На трибината се зборуваше и за нездравиот начин на живот — малку движење, лоша исхрана, тутун и вејпови. Со локалната самоуправа работиме на инфраструктура за физичка активност, а работиме и на сузбивање на пушењето, како и за здравственото осигурување, односно за тоа дека ниту еден млад човек не смее да остане без здравствена заштита. Тринината се одржа на Светскиот ден на дијабетесот, па затоа и се зборуваше и за превенцијата, раното откривање и подобрата грижа за младите со дијабетес.
За младите лекари и здравствени работници дека мора да имаат сигурно работно место, подобра плата и услови за работа и збогатување на работата — стручни престои, обуки и менторство, дома и во странство.






