На иницијатива на членови на Црковниот oдбор од сeло Маково, викендов беше организирана и се одржа работна акција за чистење на дворот од селската црква “Св. Архангел Михаил“, во која учествуваа верници, доброволци од Битола, а потекнуваат од овој крај.
Доброволците од Битола и од Маково, покрај дворот го чистеа и се подготовуаа теренот за изведување на градежни работи на помошниот објект, тремот на селската црква, кои што во периодот што следи, планирано е да се реализираат.
На работната акција учество зедоја ококу 40 луѓе, повеќето жители од село Маково или луѓе кои потекнуваат од ова село, но имаше и учесници од Битола, кои самоиницијативно се организираа и помогнаа.
Со завршувањето на градежните активности околу тремот ќе се заокружи процесот на реновирање и возобновување на селската црква.
И во наредниот период ќе се случуваат вакви слични активности кои првенствено ќе бидат насочени кон реновирање, ревитализација и градење на некои нови помошни објекти кои се важни за нормално функционирање како на селската црква, така и на манастирот “Св. Петка“.

Верници кои потекнуваат од мариовскиот крај и други го чистеа дворот на црквата во Маково (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
- Амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс по посета на УКЛО Битола
- Амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс во посета на Општина Битола
- ОУ “Стив Наумов“- Битола со соопштение по заканувачките пораки на ученик кон неговите соученици и нивните родители
- АД ЕСМ и РЕК “Битола“ дел од транспарентниот процес за подобра и позелена иднина





