Некои дати се обични, а некои навистина посебни. За нас, таква е денешната ….
Точно на оваа дата се отвори “Caffe Central“ – Битола, нултата точка на Битола, на самиот почеток од најубавата улица во која да се прошеташ, да седнеш и да бидеш виден е дел од градските навики.
Една година откако ставивме почеток на местото кое значи вовед во Широк Сокак во Битола. Место, кое значи средба, со драги луѓе, со кои си го пиете утринското кафе додека ги раскажувате случките низ Битола, место на кое ако се одлучите на слатко задоволство сте сигурни дека ова е местото за добар десерт, место во кое може да одгледате навечер и фудбалски натпревар додека гледате на Градскиот саат наместо на времето кое се прикажува на екранот.
Овде кај нас, во “Central“ – Битола, најдобро се гледа колку е Битола космополитски град, бидејќи на истото место се среќаваат и староседелците и оние кои штотуку дошле во градот и бизнисмените и другарките од детство и туристите…. ова е место каде што започнува се во Битола.
Нека ни се множат годините со убави спомени.
Ваш, “Caffe Central“ – Битола






