Press "Enter" to skip to content

Во Битола еден оздравен пациент, нема новозаболен, во болница 11 лица, 39 активни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на ковид-19, а нема новозаразен пациент во Битола. Во изминатото деноноќе бележиме и еден оздравен пациент во Битола, со што бројот активну случаи во Битола сега е 39.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациент од: Скопје 6, Штип 21, Тетово 3, Струга 1, Битола 1, Гостивар 6, Гевгелија 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Виница 2, Кичево 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 лица, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Починати се 4 лица, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.330,  бројката на оздравени пациенти е 11.062. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.668.