Денес во салата на Советот на Општина Битола беше промовирано 10. издание на “Незаборав“ посветено на Драган Каранфиловски – Бојс.
За најновото издание на “Незаборав“, посветено на музичките легенди од Битола, зборуваа продуцентот Панде Димитровски, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и сценаристот Силвана Петровска – Насух.
-Поради корона мерките неместо како досега кога имаше издание во живо во големата сала на Центарот за култура во Битола, сега имаме видео приказна, за Драган Каранфиловски – Бојс кој иако не е роден во Битола, оставил голема музичка трага во Битола. Сакав 10. издание да биде посебно, но поради здравствената состојба, навистина имаме посебно издание, на екран, рече Панде Димитровски, кој додаде дека се надева дека идното ќе биде како треба, а не откри за кој ќе биде посветен “Незаборав“ во 2021 година.
Градоначалничката на Битола Наташа Петровска, рече дека и е мило што продолжува оваа традиција која ја започна Димитровски како продуцент, а бројот на заслужни битолчани во музикатае голем и тешко ќе биде да се опфатат сите.
Сценаристот Силвана Петровска – Насух рече дека во “Незаборав“ е вклучен седум години, а ова и едно од омилените изданија.
Ако трагате по лирика во македонската забавна музика неа ќе ја најдете во
неговите песни, оти тие се исполнети со многу емоции, нежни ноти, испеани со кадифен
глас никого не оставаат рамнодушен. Неговата музика ќе биде заедничка нитка која ќе ги
спои двата југословенски града кои се сметаа како најолем расадник на естрадни
уметници, ќе биде музички мост кој ќе спои мноу генерации кои љубеа со неговата
музика, неговото меко –л ќе ја заведе и Тамара и Валерија, Искра, па дури и Наташа од
трето три. Битолчани ќе го запаметат како мирен и скромен а Македонија ќе го запамети
по неговите преубави песни …Тој е Драган Каранфиловски Бојс.
Роден е во 1956 одина во Сараево, заради службата на татко му се преселуваат во Битола и живеат во областа Војни бавчи во војната кула на улица Нико Фундали. Основно завршил во училиштето Гоце Делчев и гимназија во Јосип Броз Тито во Битола. Во 1972/73 година.
Бојс заедно со Драган Ганчо, Љупчо Трубата, Митко Тити, Сотир Волко прв вокал и
Пеце пеачот ја создаваат групата Македонија. Во визбата на Тити се раѓаат првите
музички аранжмани на Драган, а гитарата станува дел од секое гимназијалско
дружење.
По заминувањето на Панде Пажиќ и Михајло Бандевски Драган добива покана
да биде дел од групата Мадригали. Во составот тогаш настапуваат Драган Каранфиловски Бојс соло гитара, Тасевски Благој соло гитара, Миле Шерденковски – бас гитара, Цане Николовски – вокал и флејта, Томе Ѓеоргиевски тапани.
Бојс значеше свежина во тогаш култната битолска група Мадригали, и тој тука ги жнее
своите први успеси како автор и музичар. Во Мадригали ќе ја изнесе својата импресија за
градот во кој живее и ќе каже дека Битола е град за тој што е млад, Името наше е
Мадригали од срце до срце за срце шириме глас, во Македонски рок ќе ги разигра
Ленка,Фанка и Донка тука ќе ги сними своите најпознати рок-песни: „Здраво млади“,
„Македонски рок“,„Македонија“, „Скопски блуз“, „Плати една дупла, марш да те нема“,
„Зошто јас човек сум мал“, „Чудна игра“, „Со пајтон“. Гласот за Мадригали се шири брзо,
зачестуваат гостувањата низ земјава и концертите по студенските домови, студентските
летовалишта, но и низ Ју просторите. Во 1977 година ќе остане запаметен и нивниот
концерт во ОУ Песталоци во Скопје и снимката која тогаш ја направи Македонската
Телевизија. Истата година момчињата од популарната група „Мадригали“, патуваат во
Заечар на Гитаријадата и ја освојуваат првата награда од публиката.
Таму ја воодушевија и редакцијата на југословенското музичкото списание „Џубокс“ која
ќе им додели прва награда. Заради нивниот изглед особено заради бушавите и доли коси
(Бојс Бале Шендер) биле доста збунети прашувајќи се која мајка ја роди оваа тројка.
„Мадригали“ настапиле и на фестивалот „Младина ’77“ во Суботица, а следната година на
истиот фестивал, но со новото име „Трн во око“, оствариле голем успех со „Млад ерген
ама што сум“. Во оваа група подоцна се приклучуваат уште Трајче Каров од Кавадарци
Филип од Скопје и Владо Ристевски од Битола. Годините минуваат, песните се нижат
носејќи успеси и забележителна кариера на автор,пеач, гитарист. Бојс продолжува со
групата „Буба Мара“. Тука заедно се Бојс, настапуваат Миле Шерденковски, Борче
Никодиновски, Бале Тасевски, Тосмано на тапани и Љупчо Спасеновски – вокал.
Повремено во оваа група членуваат и други музичари од Битола. Постоењето на оваа
група го одбележуваат повеќе настапи би ги издвоилр изведбите на песните „Бај бај“
изведена премиерно на фестивалот Макфест 88г. и следната 89г. песната „Хело, хело“ и
двете песни се авторско дело на Драган, и прекрасно звучат во изведба на
препознатливиот глас на Љупчо Спасеновски. Во 1975 Драган се запишува на економски
факултет во Скопје заедно со Шендеро, Бале и Цане. Животот ќе го оттргне од Битола, и
тој со семејството продолжува да живее во Скопје каде твори најмногу како автор на
композиции, текстови, аранжмани. Со неговата избраничка Софа добиваат две ќерки,
Ивана и Верица, кои продолжуваат во татковите стапки. Понесен од радоста на децата
Драган ќе напише многу песни за нив, и неговите хитови ќе останат вечна тема од
неколку детски фестивали СИ-ДО, Тралала, Златно славејче и СИДО ФМ телевизиски
серии. Дајте музика.
Во 1991 година на фестивалот СИ-ДО во Битола неговата ќерка Верица Каранфиловска ќе
ја испее „Ало амбуланта“, но по некои невидени земјени закони цело внимание на овој
фестивал ќе се заврти околу Наташа од трето три на Леонид Ристев. Охрабрен од овој
успех во првите години од фестивалот ги создаде најпознатите рефрени на овој фестивал.
И денес сеуште ведро се потпевнуваат „Прва љубов“ со Елена Андреевска, „Слатка е
Марија на Бундеви“ Сашо Ефтимовски, „Баш ми е гајле“ Ана Христовска, неговата ќерка
Ивана ќе раскаже Лифт стори , а Сашко Бузлевски пее за клинцези и принцези. И денес се
паметат многу хитови ала – бојс испеани од деца кои ги одбележале хитовските рефрени
на овој автор со бесмртност.
Покрај детските фестивали Драган Каранфиловски Бојс се јавува како комплетен автор на
песните и на многу други фестивали во земјава како што се Макфест, Интерфест вечер на
забавна музика во Битола, Скопскиот фестивал и други.
Многу популарни естрадни имиња се закитија со песни на кои како автор се потпишува
Драгана Каранфиловски Бојс. Од опусот со песни за други пејачи, мошне популарни
беа: „Јануарска ноќ“ (Зафир Хаџиманов), „На минус 23“ (Трајче Манев), „Моја
латина“ (Дарио и Миг 21), „Искро моја“(Игор Џамбазов),„Штипската
пастрмајлија“(Питер Џон Босе), „Една игра јас и ти“ (Даниел Поповиќ), „Заведи
ме“(Верица Каранфиловска).
Во моментите на наплив на емоции Драган пишува и нумери кои не само што ги
компонирал туку и сам ги отпеал. Како автор и изведувач се јавува на многу песни кои со
текот на времето станаа македонски евергрини. Многу генерации ја пеат „Опасно сум
вљубен во тебе“ со која настапи на Макфест 90-та, „Валерија“ , „Парижанка“ и „Бели
нарциси“ го експонираат континуитетот во творештвото на Драган како автор кој е
омилен на публиката на фестивалот Макфест, „Кафанчето на газда Мите“ е негово
комплетно авторско дело додека на текст на Тоше Поп Симонов Бојс ја напиша музиката
за песната „Лулај ме нежно“. Битолскиот фестивал Интерфест како автор ќе го пречека со
една битолска приказна како потсетување на една матурска љубов.
Несомнено од неговото претствување надвор од земјава најзапаметено ќе остане
патувањето во Стокхолм ако автор на песната „100 посто те љубам“ во изведба на
групата (XXL), со која Македонија учествуваше на „Евровизија 2000“, песна која е една
од најхитовските песни со која Македонија учествуваше на евровизиските фестивали.
Два пати е добитник на награда на престижната манифестација Златна буба мара во 2000
година и во 2014 година кога му е доделена наградата за трајни вредности. Нграда која тој
ја посвети на Др Борче Ѓеоргиевски од Клиниката за хематологија на кого се заблагодари
за своите пет последни години за кои како што рече вдахна нов живот во него, како и за
битката со својата болест. Така уште еднаш ја покажа својата скромност но и големина
како човек. Така и со замина …скромно. Сепак веста за неговата смрт на 28 мај 2015
година одекна силно и болно кај сите кои го познаваа лично или преку неговите песни. А
навистина знаеше своите музички приказни да ги раскаже толку едноставно и певливо.
Следната 2016 година фестивалот Макфест ја воспостави наградата Драган
Каранфиловски Бојс за вокална интерпетација уште еднаш покажувајќи дека тој беше
омилениот автор на овој фестивал.
Драгана Каранфоловски Бојс…беше ѕвезда на своето време кое нашето го претвори во
легенда за паметење. Со своите песни се вивна високо во ѕвезденото небо на Македонија
…и остана таму некаде меѓу ѕвездите






