Press "Enter" to skip to content

Денес 6 нови случаи на ковид-19 во Битола, 4 оздравени битолчани, 42 активни случаи

Според официјалните информации на министертвото за здравство, објавени на нивната офоцијална фејс-бук страница во Битола, денес бележиме шест ново заболени лица од ковод-19, а оздравени 4 битолчани. Со последните бројки во Битола има досега вкупно 225 лица со ковод-19, а активни се  42 случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи.

Починати се 8 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.226, бројката на оздравени пациенти е 12.700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.895.