Press "Enter" to skip to content

“Sarsalé“ фламенко од Барселона на третиот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)

Вечерва на сцената на Народниот театар во Битола во рамките на третиот ден на 18. по ред Фестивал на музика од светот настапи шпанскиот состав “Sarsalé“, кој негува страст, ритам и експресивен танц и ја донесоа енергијата на шпанското фламенко во Битола.“Sarsalé“ фламенко од Барселона на битолската публика, која предверем ги набави влезниците за нивниот настап, им понудија страст што се чувствуваше во секој тон. Ритам што го освојува телото. Танц што раскажува приказни без зборови.“Sarsalé“ во Битола донесоа автентична шпанска фламенко-енергија, спојувајќи ги традиционалното пеење, виртуозната гитара, перкусиите и огнениот танц во доживување полно со емоции и темперамент.Музиката на оваа формација од Барселона ги спојува традиционалните фламенко ритми со современи влијанија, преку гитара, вокал, перкусии и впечатлив танцов израз. Битола беше дел од нивните меѓународни настапи на фестивали ширум светот и ја претставија фламенко традицијата во нејзиното живо и современо издание.Утре на четвртиот дел на Фестивалот музика од светот битолчани ќе имаат прилика ја гледаат групата “Martenitsa“ и да слушаат музика што ги поврзува Балканот и Ориентот!Од Турција во Битола пристигнува групата “Martenitsa“, која традиционалните балкански звуци ги спојува со ориенталните макам мотиви и современи музички интерпретации. Моќен вокал, хармоника, виолина и перкусии создаваат препознатлив звук што се движи од длабоки, емотивни мелодии до ритми исполнети со енергија е она што утре ги очекува битолчани.

Ж.Ристевска

Фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1796715142167304&set=pcb.1796715948833890

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »