Press "Enter" to skip to content

Седница на Советот на општина Битола, одлука за прифаќање на донација од “Кромберг и Шуберт“ за нова детска градинка

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес 10 септември ја закажа 60. седница на Советот на Општината Битола со почеток во 10 часот.

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општината Битола, а според предлогот на дневниот ред седницата ќе има 40 точки на дневен ред.

Прва точка ќе биде донесување на одлука за прифаќање на донација од компанијата “Кромберт и Шуберт Македонија“ за нова детска градинка, која ќе се гради во компексот “Стара касарна“, а ќе се расправа и за правилникот за а набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Потоа ќе се расправа и за Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2020 година.

Еве кои се сите 40 точки на дневниот ред за денешната седница:

1. Одлука за прифаќање на донација во финансиски средства од Друштвото за производство, трговија и услуги КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола за изградба на нова детска градинка во АРМ.

2. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2020 година.

3. Кварателен извештај на Буџетот на Општина Битола во втор квартал од 2020 година.

4. Годишен Извештај за работата на СОТУ „Ѓорги Наумов“ Битола во учебната 2019/20 година.

5. Годишна Програма за работа на СОТУ „Ѓорги Наумов“ Битола во учебната 2020/21 година.

6. Годишен Извештај за работата на СОЕУ „Јане Сандански“ Битола во учебната 2019/20 година.

7. Годишна Програма за работа на СОЕУ „Јане Сандански“ Битола во учебната 2020/21 година.

8. Годишен Извештај за работата на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола во учебната 2019/20 година.

9. Годишна Програма за работата на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола во учебната 2020/21 година.

10. Годишен Извештај за работата на СОУ „Таки Даскало“ Битола во учебната 2019/20 година.

11. Годишна Програма за работа на СОУ „Таки Даскало“ Битола во учебната 2020/21 год.

12. Годишен Извештај за работата на СОЗУ „Кузман Шапкарев“Битола во учебната 2019/20 год.

13. Годишна Програма за работа на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола во учебната 2020/21 година.

14. Годишен Извештај за работата на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола во учебната 2019/20 година.

15. Годишна Програма за работа на ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола во учебната 2020/21 година.

16. Програма за измени и дополнување на Оперативна Програма за поправка и одржување на улично осветлување (тековно одржување – замена на живините, натриумовите и флуоресцентни светилки со лед светилки заради поголема енергетска ефикасност на целиот систем за улично осветлување) на подрачјето на Општина Битола за 2020 година, Бр.771/1 од 28.01.2020 година.

17. Програма за измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Битола за 2020 година.

18. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2020 година.

19. Програма за измени и дополнување на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локални патишта и улици во Општина Битола 2020 година.

20. Програма за измени и дополнување на Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2020 до 2022 година.

21. Програма за измена и дополнување на Програмата н ЕР за 2020 година.

22. Програма за измени и дополнување на Програма за јавни дејности (образование) во Општина Битола за 2020 година.

23. Програма за измени и дополнување на Програмата за социјална заштита за 2020 година.

24. Програма за одбележување на позначајни историски и културни настани за 2020-2021 година во Општина Битола.

25. Извештај за реализација на Програмата за туризам на Општина Битола за периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година.

26. Годишен План за вработување во општинска администрација на Општина Битола за 2021 година.

27. Годишен План за вработување за 2021 година во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица.

28. Годишен План за вработување за 2021 година во ЈП „Пазари“ – Битола.

29. Годишен План за вработување за 2021 година во ЈКП „Водовод“-Битола.

30. Годишен План за вработување за 2021 година во КЈП „Нискоградба“-Битола.

31. Годишен План за вработување за 2021 година во ЈПЦИЗ „Жабени“-Битола.

32. Годишен План за вработување за 2021 година во ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“-Битола.

33. Одлука за пристапување кон измени и дополнување на Статутот на Општина Битола.

34. Одлука за примање на донација од Здружението на граѓани 22 Нентори за реконструкција на кров на подрачното училиште во с.Лажец на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица.

35. Одлука за обезбедување надзор над работите за санација на кров во ОУ „Крсте Петков Мисирков“с.Бистрица во с.Лажец.

36. Правилник за изменување на Правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

37. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифи за вода во ЈКП „Водовод“ – Битола за регулиран период 2021-2023 година.

38. Решение за давање согласност на Одлуката за тарифите за собирање и одведување на урбани отпадни води на КЈП „Нискоградба“ – Битола за регулиран период 2021-2023 година по категории на корисници.

39. Одлука за формирање на заедничка комисија за за подготовка на предлог акти за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола, Општина Могила и Општина Новаци и основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници.

40. Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола, Општина Могила и Општина Новаци и основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници.