Битола, односна најмалите жители на Битола и околните места наредниот викенд ќе можат да уживаат во играњето и забавата на новиот детски – авантустички парк кој е изграден на Голема Ливада на Пелистер, беше речено денес при увидот во завршните работи, кој ги направија министерот за локална самоуправа – Горна Милевски, градоначалничката ја Битола – Наташа Петровка и директорот на Пелагонискиот плански регион – Гого Видимче.
Вредноста на овој нов детски парк, прв од ваков вид во националниот парк “Пелистер“ изнесува 2 милиони денари и ќе биде ново детско катче на позната локација Голема Ливада, која е најчесто посетувана од семејствата од Битола.
Министерот за локална самоуправа – Горан Милевски рече дека овој нов детски парк е направен и мониран од реномирана компанија која има сертификат за вградување на сите безбедносни мерки за целоцна безбедност на децата. Милевски нагласи дека ова е само почеток во уредувањето на оваа локација и дека ќе се размислува заедно со Општина Битола да се доуреди со нови содржини, а Министерството за локална самоуправа ќе продолжи со финансирање на слични содржини.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, во разговор со луѓето од Националниот парк рече дека треба да се најдат начини за уредување делот од патот од асфалтот до Голема Ливада кој е долг 350 метри и е во лоша состојба, а општина Битола за брзо ќе реконструира дел од патот за Пелистер, од кај село Дихово до Трново.
Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, рече дека му е мило што ваков парк се направи на Пелистер, кој е туристичка дестинација близу Битола, а и дека се размислува за други содржини, како адреналински парк и друго, бидејќи Баба Планина има одлични услови за сите спортови.
Авантустичкиот – детскиот парк на Пелистер, на Голема Ливада е дел од проектот Одржлив и рамномерен инклузивен развој, кој го имплемантира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а финансиски е поддржан од министервото за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
С.Р.






