Press "Enter" to skip to content

Отворена мултисензорната изложба на НУ „Завод и музеј“ Битола – “Допир“ (фото)

Во Битола, во преполната “Магаза“, посетителите со и без попреченост имаа можност да доживеат прекрасно мултисензорно искуство преку допир на новите 3Д тактилни копии, придружени со аудиоописи и нарации, текстови на Брајово писмо, видеа на знаковен јазик и мирис. Сите содржини беа достапни преку NFC тагoви и QR кодови, до кои посетителите можеа да пристапат со своите паметни телефони.Изложбата ја отвори заменик-градоначалничката М-р Марина Крстиќ, која ја истакна важноста на ваквите квалитетни проекти за лицата со попреченост.Пред присутните се обрати раководителката на проектот, д-р Ирена Ружин, која истакна дека се радува што институцијата „Завод и музеј“ е препознаена како втор дом за сите, благодарение на проектите за пристапност и инклузија, кои во изминатите десетина години придонесуваат за благосостојбата на посетителите и за доближување на културното наследство до сите.Таа упати благодарност до колегите од институцијата, до долгогодишните соработници- Здружението на слепи лица и ОУРЦ „Кочо Рацин“, како и до медиумите кои континуирано ја следат нивната работа. Посебно ги истакна придонесот и посветеноста на колегата м-р Јове Парговски, кој секоја година го унапредува квалитетот на изложбите преку имплементација на современи технологии, кои се имплементирани во голем број музеи во регионот.Ружин најави и серија работилници со помали групи посетители во наредниот период.
Тактилните копии ги изработија Јана, Горазд и Тони Николовски, инспирирани од експонати од колекциите на НУ „Завод и музеј“.

More from КултураMore posts in Култура »