Беким Мемети од Битола ќе продолжи да раководи со компанија во државна сопственост Македонски пат“, е одлучено по распределбата на функциите на владините коалициони партнери во вториот и третиот ешалон.
Беким Мемеди останува на оваа функција, на која е од минатата година, а ќе продолжи и во наредните четири години. Мемети на оваа функција дојде од “Македонија пат“ – подружница Битола.
Инаку, за време на викендот се очекува да бидат назначени заменици министри и директори од коалицијата СДСМ и ДУИ, кога ќе видиме дали ќе има и други битолчани во вториот и третиот ешалон на власта.






