На 10.09.2020 во 06.42 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на ул. “Билбилкамен“ во Битола помеѓу патничко возило марка „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 28 годишник од село Воѓани, општина Кривогаштани, и велосипед управуван од 53 годишник од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.






