Press "Enter" to skip to content

Негователка во детска градинка позитивна на ковид, 5 деца и 5 возрасни отидоа во домашна изолација

ЈЗУ Центар за јавно здравје од Битола денес потврди дека во Битола има четворица новозаболени лица од Битола, лица на возраст од 54 до 65 години и дека едното лице не дало податок за контакт со позитивно лице на ковид -19.

Во бројот на пријавени нови случаи во Битола припаѓа и едно лице кое работи како негователка во детска градинка.

По спроведеното епидемиолошко истражување, за 5 деца од градинката, 3 воспитувачки и 2 негователки е даден предлог до ДСЗИ за ставање под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице.

More from ВестиMore posts in Вести »