Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2020/2021 и по завршување на првиот уписен рок, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола изготви Дополнителен конкурс за прв циклус студии за вториот уписен рок.
На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, слободни се 1.874 места.
Пријавување на кандидатите: 14 и 15.09.2020
Претходна проверка на знаењата на англиски јазик 16.09.2020 (за студиските програми на англиски јазик на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола)
Објавување на прелиминарни ранг-листи 17.09.2020
Објавување на решенија за прем на кандидатите: 21.09.2020
Запишување на кандидатите: 23.09.2020
За сите заинтересирани кандидати за упис, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе спроведе и трет уписен рок на 24.09. 2020.
Конкурсот за упис за прв циклус студии во вториот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е објавен на интернет страницата на УКЛО https://uklo.edu.mk/news/view/1418, како и на социјалната мрежа facebook.






