Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 22 годишник од Битола поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело “разбојништво“.
Пријавениот на 09.09.2020 околу 18,45 часот на улицата “Филип Втори Македонски” во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со 37 годишна жена од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец.
По превземените мерки и активности напаѓачот бил пронајден и приведен. Одреден му е притвор до 30 дена.






