Press "Enter" to skip to content

Временска прогниза: од денес во Битола зголемување на облачноста и намалување на температурата

Од денес повремено ќе се зголемува облачноста и благо ќе се намалува дневната температура. Во четврток и петок претежно попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и засилен северен ветер.

Денес, понеделник, 14 септември, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата во Битола до 30°С.

Утре, вторник, 15 септември, времето во Битола ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 29°С.

More from ВестиMore posts in Вести »