Следејќи ги потребите и барањата на своите клиенти, банката креираше понуда за нов поволен станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години, почнувајќи од 2,9% годишно.
Кредитот е наменски и може да се искористи за купување на недвижен имот, за изградба/доградба на индивидуални објекти како и за рефинансирање на станбени кредити во други банки.
Рокот на отплата на кредитот е 360 месеци, а старосната граница на денот на достасување на кредитот е максимум 75 години. Нема ограничување во износот на кредит кој се одобрува, при што се оценува кредитната способност на барателот и кокредитобателите и истата се движи до 60% од вкупните расположливи месечни примања.
Повеќе информации ќе можете да најдете на следниот линк https://www.stbbt.mk/stanben-so-fiksna-za-deset-godini.nspx или во некоја од експозитурите на банката – https://www.stbbt.mk/ekspozituri.nspx
Оваа конкурентна понуда е наменета за сите кредитоспособни клиенти во редовен работен однос и уредна кредитна историја, кои се подготвени за нови и убави почетоци.
Банката исто така ги промовира и сите дигитални сервиси, во насока на заштеда на време со можност за плаќање преку електронски уред, како и максимална безбедност и заштита на нашите ценети клиенти.






