Press "Enter" to skip to content

Три лица новозаболени, 61 активен случај во Битола, 22 хоспитализирани

Денес во Битола има 3 новозаболени лица на возраст од 26 до 38 години и трите лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лицa.

Со нив во Битола има вкупно 267 позитивни на кови-19, а активни случаи се 61.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22  позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 1.397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19.

Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

More from ВестиMore posts in Вести »