Press "Enter" to skip to content

Мерита Шахин од правен на УКЛО-Битола со најдобар успех и добитник на стипенцијата “Тома Фила“ (фото)

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа пригоден настан кој обедини два моменти: објавување на добитникот на стипендијата Тома Фила и
врачување Пофалница за постигнат најдобар успех.Двете признанија се доделени на постдипломката од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Мерита Шахин која студиите ги заврши со просек 10.На настанот којшто ги поврза двата чинители важни за академскиот напредок и личен развој на Мерита Шахин, присутните членови од раководство на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја потврија заложбата: да се квалификува трудот и да се почитува и уважува постигнатиот успех на студентите.

Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека УКЛО со посебно задоволство го вреднува и наградува вложениот труд на студентите, како што е и поводот поврзан со успесите на Мерита Шахин.Постдипломката на Правниот факултет, Мерита Шахин е четвртиот добитник на стипендијата Тома Фила.

Заблагодарувајќи се за укажаното внимание  истакна дека на овој начин, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на своите студенти им дава дополнителен поттик и мотивација.

More from ВестиMore posts in Вести »