Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени лица за напад на полицајци, нарушен јавниот ред и нападната битолчанка

На 21.09.2020 околу 01.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, од слобода биле лишени две лица од од Битола, на возраст од 35 и 55 години, затоа што физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.09.2020 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„5-та“ во Битола, две лица на возраст од 19 и едно лице на 41 години, сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување. По целосно документирање на настанот ќе им биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.09.2020 во СВР Битола, битолчанка пријавила дека на ул. „Сотир Брбевски“ во Битола била физички нападната од лице од Битола. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »