На 21 септември, во дворот на Магазата на градскиот плоштад “Магнолија“ во Битола беше одржан настан на кој деца од 3 до 6 годишна возраст преку цртеж, дружба и насмевки го одбележаа Меѓународниот ден на мирот.
Стопанска банка а.д. Битола го поддржа и присуствуваше на настанот и заедно со дечињата, преку нивните цртежи ја испрати пораката за поубав и помирен свет.
“Нема посоодветен начин да се испрати оваа силна порака за мир во светот од тоа да
се направи преку слатките насмевки на најчистите и најискрените суштества на
светот“.
Стопанска банка а.д. Битола на дечињата и подари и боенки и им порача да продолжат
да го бојат светот во шаренило.
Заедно за поубав, посреќен и помирен свет!

Стопанска банка а.д. Битола заедно со најмалите го одбележа Меѓународниот ден на мирот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица
- Пелистер загуби од Струмица во второто коло
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола
- Пелистер гостува во Струмица, Савичевиќ верува во тимот





