Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повредени возачи во сообраќајка и битолчанец каснат од куче скитник

На 22.09.2020 во 19.50 часот на патот Прилеп-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  53 годишник од Битола и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 51 годишник од Прилеп. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

На 22.09.2020 во СВР Битола, 42 годишник од Битола пријавил дека на ул. „Xристо Узунов“ во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »