Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со сончеви периоди

Денес, четврток, 24 септември, во Битола, според метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурата до 25°С.

Утре, петок 25 септември, во Битола, ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови.

Под влијание на влажен бран во сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во понеделник.

More from ВестиMore posts in Вести »