Денес, петок, 25 септември, во Битола, времето според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидромереоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 27°С.
Утре, сабота, 26 септември, во Битола времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.). Температурата во Битола значително ќе опадне и ќе биде до 2о°С.