Press "Enter" to skip to content

И денес 6 новозаболени во Битола од 16 до 85 години, оздравени 4, активни 59 случаи од ковид-19

Денес, недела, 27 септември регистрирани се 6 лица во Битола заболени од корона вирус, на возраст од 16 до 85 годин. Три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лицa (фамилијарен контакт), а останатите три лица се меѓусебно не поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице.

Во Битола досега има заболени, позитивни на корона вирус 296 лица, а  активни се 59 случаи.

Оздравени се четворица пациенти од Битола.

Во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на ковид-19.

Починати се 3 пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 185.321 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.

More from ВестиMore posts in Вести »