Доцент д-р Невена Груевска е нов претседател, и прва жена претседател на Македонско научно друштво-Битола. Одлуката за избор на д-р Груевска е донесена на редовно изборно Собрание кое се одржа на 29 септември во пациото на битолскиот Музеј.
Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола едногласно го усвоија Извештајот за работата на МНД-Битола во периодот 2018-2020 година кој го презентираше досегашниот претседател, проф. д-р Марјан Танушевски, и исто така едногласно изгласаа во наредниот две годишен период, функцијата потпретседател да ја врши вонреден проф. д-р Сашо Кочанковски.
Со одлука на членовите на Собрание на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.

Доцент д-р Невена Груевска, нов претседател на МНД-Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)
- Софија и Катарина Лазиќ млади маратонки од Битола дел од најубавиот маратон во светот
- Нови вели патеки во старата касарна и од Дулие до Шехерезада
- СВР Битола: починат маж од Албанија во Карамани
- Хорот на православната црква “Св. Петка“ од Рокдаел Сиднеј дел од концерт во Сиднејската опера Хаус





