Press "Enter" to skip to content

Денес пет новозаболени од ковид-19 во Битола, оздравен еден пациент

Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола потврдени се 5 нови случаи на COVID-19, информираат од таму.  Сите 5 лица се од Битола (на возраст од 39 до 66 години), од кои три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт).

Останатите две лица се меѓусебно не поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице.

Во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19

Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.327.
More from ВестиMore posts in Вести »