Училишното ѕвонче, во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола, денес, 1 октомври, го означи почетокот на учебната 2020/2021 година за учениците од 1 до 3 одделение со физичко присуство по план и протоколи за одржување на настават во основните училишта.
Возбудени ученици и родители се упатија кон училиштето “Св. Кирил и Методиј“ во Битола каде пред влезот на училиштетето ги дочекуваа дежурни натсвници кои им мереа температура на учениците и ги упатуваа да ги дезинфицираат обувките и рацете пред да влезат во својата училница, каде ги дочекуваа нивните наставнички и ги распоредуваа да седат на дистанца.
Во едно од најстарите училишта ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола првиот училишен ден беше посебен за сите вработени бидејќи после многу генерации ученици оваа учебна година мораше првиот училишен ден да започне по новите протоколи и мерки на заштита во време на пандемија.
Директорот на училиштето Душко Костовски, за овој почеток на школската година на “нов“ начин вели:
-Оваа учебна година започна со ученициоте од 1 до 3 одделение кои ќе доаѓаат со физичко присуство во претпладневната смена. Тие ќе учат поделени во групи спрема големинта на училницата, во која за секој ученик има предвиден постор од 1,5 м растојание. Сите вработени во училиштето се наоѓеме пред големата одговорност да ги спроведеме и испочитуваме протоките за заштита. Информативни материјали се истакнати низ училиштето и тоа кеде треба и на кој начин да се движат учениците во училишптето. За таа цел двата влеза на учулиштето се ставени во служба за да се запази растојание за влегување, излегување. Направен е и распоред посебен за секое одделение како ќе влегуваат.
За останатите ученици од 4 до 9 одделение Костовски додава:
-Денес започнаа и учениците од 4 и 5 одделение кој ќе следат настава он-лајн. Наставниците од овие одделенија од училница во училиштето ќе држат он-лјан настава и денес одржаа час на кои им се вклучија учениците. Во попладнева смена се учениците од 6-9 одделенија кои ќе следат он- лајн настава. Целата ситуација бара голема професионалност и сериозна ангажирансот на сите во училиштето, но бидејќи се е ново сите проблеми ќе ги решаваме чекор по чекор.
Првиот училишен ден секако највозбудени првачињата и нивните родители. Наставничките ги пречекаа своите ученици.
-Учениците од првоодделение уште при уписот доаѓаа со маски и имаат некое искуство со нив, сега ќе треба да држат растојание и носат маска додека учат. Денес, ги нема прегратките со првачињата кои ни недостигаат, но мора да се почитуваат мерките на заштита, но уште од првиот ден ќе ги насочувамее да почитуваат физичка дистанца, миење рачиња, носење маски, ни кажа за новата реалност, Лидија Поповска, која пречекала голем број првачиња, а сега по толку години, наместо приредба за првачињата ги спроведува протоколите.
Стручната служба педагогот и психологот во училиштето исто така ги поздравија и им се обратија на ученицте со желбга за добро здравје, успешна учебна година и дека потребно е да одржуваат физичка дистанца, но да киомуницираат, но социјалната комуникација да ја одржуваат со емпатија и со своите очи кои се огледало на душата на секој човек.
-Во моето долгогодипно искуство од 35 гтодини во училиштето го нема вообичаениот џагор специфичен за првиот уичилишен ден, нема прославата за прием на првачиња, го нема гушкањето на кое бевме навикнати првиот и кога си пожелувавме среќна учебна година. Оваа учебна година запишани се 42 првачиња во две паралеки во Битола
и 5 во напшето подрачно училиште во саело Логоварди, ни кажа педагогот Мирјана
Лавуровска.
Во ПУ во село Логоварди учениците ја започнаа учебната година со физичко присуство на сите одделенија од 1 до 5 одделение, бидејќи училиштето ги исполнува условите за ваков вид на настава.
Жанета Ристевска






