Во Битола починато е едно лице на 59 години од корона вирус, а регистирани се и осуммина новозаболени, што е рекорден број на новозаболени во еден ден за Битола, според информации на министерството за здравство објавени на нивната официјална фејс бук страница.
Во последните 24 часа се направени 1.694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19.
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83 години), по еден од Прилеп (78 г), Тетово (63) и Битола (59).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти, во Битола 3.
Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.






