Денес, сабота, 3 октомври, во Битола времето, според метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата до 27°С.
Утре, недела, 4 октомври, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата до 28°С.






