Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: форд излетал од патот, двајца спроведени в затвор, нападнат малолетник, пронајдена марихуана кај битолчанец

На 03.10.2020 во 16,05 часот на патот Битола-Нижо Поле, патничко моторно возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки управувано од 20 годишник од Битола изгубило контрола и излетало од коловозот. По незгодата возачот е пренесен во Клиничка болница Битола, каде му се констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Оддел за криминалистичка полиција Битола на 03.10.2020 биле лишени од слобода 43 годишник од село Ивањевци, за издржување казна затвор од една година и пет месеци во КПД Идризово  и 33 годишник од Битола за издржување на казна затвор во КПУ Прилеп. Лицата се спроведени до казнено поправните установи.

Во СВР Битола, М.Ѓ. (33) од с.Бистрица пријавила дека околу 16.00 часот на паркинг наспроти маркет во с. Горно Оризари нејзиниот 15 годишен син бил физички нападнат од друго малолетно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.10.2020 во 17,00 часот на наплатна станица „Петровец“ од полициски службеници од СВР Скопје сопрено е патничко моторно возило„пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 27 годишник од Битола, и при преглед кај него пронајдена е марихуана. Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »