ЈП “Стрежево“ – Битола согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги и ценовникот усвоен од Владата на седмата седница од 29. 09. 2020 година, нема да ја зголеми цената на водата за 2021 година, наменета за водоснабдување на населението.
-Со постоечката цена од 5,15 денари за метар кубен, сметаме дека можеме да ја подобриме ефикасноста на водните услуги, преку обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги, со најмалку трошоци. Анализирајќи ги сите аспекти, КОВИД 19-пандемијата, која има огромно влијание врз животот на граѓаните и економијата денес, но и непредвидливите очекувања за наредната година, се одлучивме цената на водата во 2021 да остане непроменета, вели директорот на ЈП “Стрежево“, Методија Граматковски и додава:-Економските текови се сензитивни, ги зедовме предвид сите аспекти и согласно методологијата по која се формираат цените на водните услуги сметам дека правилно постапивме да останат истите цени за водоснабдување со кои ќе ги заштитиме интересите на крајните потрошувачи, односно граѓаните. Ние како институција, во идниот период со домаќинско работење и рационално трошење на ресурсите, ќе ги зголемиме приходите од останатите дејности, а ќе ги намалиме непродуктивните трошоци.
Со оваа цена на водата, ЈП “Стрежево“ и понатаму ќе остане успешно претпријатие, кое ќе инвестира во нова опрема и современа технологија, а воедно ќе вложува во нови инвестиции кои ќе носат дополнителни приходи.

Менде Граматковски: “Стрежево“-Битола нема да ја зголеми цената на водата за водоснабдување на населението за 2021
More from ВестиMore posts in Вести »
- Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ
- Еурофарм Пелистер лесно до бодови против Бутел во Битола
- Дијагностицирање на остеопороза во Клиничка болница Битола сега со нов DEXA апарат
- Училишниот одбор на ОУ “Стив Наумов“ Битола побара и доби постојан мониторинг од страна на цивилни полициски службеници додека трае наставниот процес во училиштето





