Press "Enter" to skip to content

Студентите од Правен го освоија третото место на “он-лајн“ натпревар за симулации (фото)

Студентите од клубот Титус Флавиус Орестес од Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, учествуваа на третиот по ред “Pre Moot Court“ натпревар за симулации на процеси пред Европскиот суд за човекови права, кој се одржуваше во Ниш, во организација на тамошниот Правен факултет.

Оваа година поради пандемијата со новиот коронавирус, нашите студенти учествуваа он-лајн, но тоа не ги спречи во покажувањето на своето знаење и желбата за успех.Во натпреварите по групи постигнаа две победи, односно:
1. Титус апликант – Петар Кочиќ респондент 26-19
2. Онора апликант – Титус респондент 20-25.Додека по полуфиналните мечеви, каде загубија од тимот кој подоцна беше прв на натпреварот, во натпреварите за третото место освоија две убедливи победи:
1. Титус апликант – Петар Кочиќ респондент 44-31
2. Петар Кочиќ апликант – Титус респондент 30-45 по што го освоија третото место во генералниот пласман, а за најдобар говорник на еден од натпреварите беше прогласена Наталија Атанасовска.

Тимот оваа година го сочинуваат Ангела Бошевска, Илчо Богески и Недим Зекмановски во тимот на апликантот, односно Радмила Јовановска, Наталија Атанасовска и Викторија Митевска во тимот на респондентот.Студентите работат под менторство на вон. проф. д-р Ангелина Станојоска и вон. проф. д-р Мирјана Ристовска.

More from ВестиMore posts in Вести »