Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес 7 новозаболени, оздравени 3, активни 77 случаи во болница 14 пациненти

Денес во Битола регистрирани се седум нови лица заболени од ковид-19, според информации на министерството за здравство објавени на нивната официјална фејс бук страница.

Заболените се лица на возраст од 35 до 73 години, а две лица даваат податок за контакт со позитивно лице, соопштија од Центарот за јавно здравје.

Во последните 24 часа бележиме и тројца оздравени пациенти од ковид-19, а бројот на активни случаи во нашиот град изнесуба 77. 

Во болницата во Битола, на инфективното одделение, хоспитализирани се 14  пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19.

Починати се 8 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.096, бројката на оздравени пациенти е 15.645, на починати е 768, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.

More from ВестиMore posts in Вести »