Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денес, вторник, 6 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидромереоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, со можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 24°С.

Утре, среда, 7 октомври, во Битола, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со умерен ветер од југозападен правец. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови. Температурата во Битола до 23°С.

More from ВестиMore posts in Вести »