Развој на идните лидери денес! Основната цел на школата за млади лидери е создавање и развој на идни Ротаријанци кои ќе бидат носители на промени во заедницата. Всушност, школата се однесува на повисоко ниво на развој на нивниот карактер.
Со оваа школа, младите и идните Ротаријанци ќе се стекнат со интензивно лидерско искуство, организирано од страна на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, каде што ќе се развиваат вештините како лидери преку учење, забава и создавање на релации меѓу нив.
Придобивките од оваа школа за млади лидери се:
– Изградување на вештини за комуникација и решавање на проблеми;
– Усвојување на стратегии за станување динамичен лидер во училиштето и заедницата;
– Учење од лидерите во заедницата, мотивациски говорници и врснички ментори;
– Откривање на потенцијалот за претворање на мотивацијата во акција;
– Забава, дружење и формирање на трајни пријателства.
Право на учество на Школата имаат:
– Лица од 18-23 години;
– Матуранти, студенти и дипломци;
– Млади лица кои сакаат да се запознаат со Ротаријанските активности;
Програмата ќе се реализира 3 дена, со следните активности:
Модул 1: Ротаријанство во светот и во Северна Македонија, мотивација да се биде Ротаријанец.
Модул 2: Претприемничко и образовно лидерство.
Модул 3: ИТ можности во функција на лидерството и менаџмент на промени.
Начин на пријавување:
Заинтересираните учесници треба да пратат свое CV и мотивационо писмо на следниот маил со назнака за школата: rotaractshiroksokak@gmail.com
Повикот трае 7 дена. Крајниот датум за пријавување на апликантите е 13.10.2020 година.
По завршувањето на повикот, секој од учесниците ќе биде лично контактиран и повикан на интервју.
Контакт лица:
Проф. д-р Моника Марковска, mail: monikamarkovska34@gmail.com mail, моб: 076 302 044
Дејан Петровски, dejanegt@gmail.com, моб: 071 261 558






