Во последните 24 часа во Битола, се ристринаи 6 новозаболени лица од ковид-19, на возраст од 26 до 59 години. Од нив само едно лице дава податок за контакт со позитивно лице од најблиското семејство. Регистрирани се и 5 оздравени лица во Битола.
Вкупно во државата се направени 1990 тестирања, а регистрирани се, рекордни за еден ден, 317 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 199.372 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.892.






